Услови за Гаранција
- Гаранцијата на производот важи 10 години од денот на купувањето со приложување на фискална сметката и/или фактура и заверен гарантен лист.
- Гаранцијата се применува само ако гарантниот лист е целосно и правилно пополнет заедно со приложената оригинална фискална сметка и/или фактура, и ако серискиот број не е изменет или избришан од производот.
- Обврските за поправка и замена на производ, или неисправен дел се ограничени во зависност од проценката на овластениот сервисен центар.
- Сите поправки предвидени со гаранцијата мора да ги изврши овластен сервисен центар. Не се исплаќаат средства за каква било поправка што не е извршена од овластен сервисен центар или за оштетување на производот при такви поправки.
ГАРАНЦИЈАТА НЕ ВАЖИ ВО СЛЕДНИТЕ СИТУАЦИИ
- Кога е загубен гарантниот лист и кога е загубен документот што е доказ за извршена купопродажба.
- Механички оштетувања (физичко) оштетување на производот и оштетувања настанати како резултат на природни непогоди како земјотрес, поплава, пожар или друго.
- Оштетувања настанати при неприлагоден извор за напојување, струен удар или други надворешни фактори и несоодветна работна околина.
- Дејствија или поправки кои предизвикале дефект или механичко оштетување или причина за неисправност, а која не е извршена од овластен сервисен центар.
- Оштетување од влага, вода, прашина, рѓа, инсекти, глодари, нагризувачки материи и кога има оштетувања предизвикани од неправилна употреба.
- Во ситуација кога има физичко, хемиско, електрично или друг вид на влијание врз производот при што тој е оштетен, а не е поврзан со начинот на правилна употреба на уредот.
За производи кои се купени и инсталирани, а се фабрички исправни, потрошувачот не може да бара замена ниту рефундирање на уплатените средства.
ВИ БЛАГОДАРИМЕ НА ДОВЕРБАТА!
Контактирајте не денес!
Ако сакате да дознаете повеќе за ADRA EcoHeat гаранцијата, не двоумете се да контактирате на бројот 075 313 530. Можете исто така да не контактирате преку мејл на support@adraecoheat.com.