Skip to main content
search
0

Политика на Приватност

 

  1. Општо

Интернет-страната “www.adraecoheat.com” нуди онлајн услуга, управувана од АДРА ТРЕЈД КОМПАНИ ДООЕЛ Скопје, која се состои од информативни услуги, содржини и трансакциски способности овозможени од ADRA EcoHeat преку чии страници се продаваат производи. Цените на сите производи од adraecoheat.com се во денари и вклучен ДДВ.

Секој купувач може но и не мора да се регистрира за да може да биде остварена нарачката. По завршувањето на нарачката ќе биде испратен e-mail на наведената адреса од страна на купувачот, како преглед на нарачаното.

Купувањето може да се оствари преку плаќање при испорака, плаќање со вирман како и со следните платежни картички: Visa Classic; Visa Electron; Master Card; Maestro; Diners Club International (само доколку има CVV2/CVC код на позадината од картичката) а наплатата се извршува преку нашиот партнер Халкбанк АД Скопје.

Со користење на овој сајт крајниот корисник се согласува со сите правила и услови изнесени во продолжение на овој текст. Правото на користење на овој сајт е лично на крајниот корисник и не е преносливо на кое било друго лице или субјект. Крајниот корисник е одговорен за заштита на доверливоста на неговата лозинка. Крајниот корисник признава дека иако интернетот е често безбедно место, понекогаш има пречки во службата или настани кои се надвор од контрола на ADRA EcoHeat. ADRA EcoHeat не е одговорен за кои било податоци изгубени додека се врши пренесување на информација преку Интернет. Корисникот разбира и признава дека во зависност од околностите, во рамките и надвор од контрола на ADRA EcoHeat, пристапот до веб страницата може да биде прекинат или суспендиран во било кое време. ADRA EcoHeat има право во секое време да го промени или прекине било кој аспект или функција на сајтот.

Со користењето на услугите на ADRA EcoHeat, корисникот признава дека е полнолетен. Корисникот мора да има барем 18 години за да може да го користи сајтот за купување, а во спротивно одговорноста е на лицето што му овозможило пристап до податоците кои му се потребни на малолетното лице за онлајн купување. ADRA EcoHeat не сноси никаква одговорност доколку купувањето го врши малолетно лице.

 

  1. Измена на Условите на користење

ADRA EcoHeat го задржува правото во било кое време да го прекине или измени било кој аспект од овие Услови на користење како што смета дека е неопходно или пожелно. Доколку дојде до било какви промени, истите ќе стапат на сила откако претходно ќе бидат јавно објавени на оваа веб страна. Овие промени нема да важат за производи купени пред да биде направена јавната објава.

ЗАТОА препорачуваме корисникот да ги прочита овие важни информации кои ги содржат нашите Услови на користење секој пат кога сака да направи ново купување со цел да биде информиран за било какви промени. Секое користење на сајтот од страна на корисникот на ADRA EcoHeat ќе се смета дека претставува прифаќање од негова страна на тие измени.

 

  1. Правила на купување 

Правилата на купување на ADRA EcoHeat појаснуваат кои се условите на купување и начинот на испорака на купените производи.

Купувањето поминува низ 3/три видливи фази, и тоа:

СЕ ПРОЦЕСИРА – што подразбира дека нарачката од страна на купувачот/нарачателот е извршена, но истата е во процес на одобрување и/или подготовка на потребна документација за испорака.

ОДОБРЕНА – нарачката е одобрена и се чека на доставувачот да ја подигне за пренос до нарачателот.

ОДБИЕНА – нарачката е одбиена, причината е испратена преку е-пошта до корисникот, а уплатените парични средства се враќаат на нарачателот.

 

  1. Ограничување на одговорноста

Kрајниот корисник експлицитно се согласува дека користењето на овој сајт е под негова одговорност. Ниту ADRA EcoHeat, неговите институции, ниту нивните службеници, трговци, провајдерите на содржина или даватели на лиценца или некој од нивните службеници, вработени, агенти или директори, не гарантираат дека користењето на сајтот ќе бидат безгрешни или без никаков прекин; ниту пак гарантираат за (I) резултатите, кои можат да се добијат од употреба на овој сајт, или било која микространа, или за (II) точноста, веродостојноста или содржината на било која информација, услуга или производ обезбедени преку овој сајт или на неговите микространи.Oвој сајт и неговите микространи се ставени на располагање на база “како што се” и “кога се достапни”. ADRA EcoHeat се оградува од било каква одговорност и услови, изразени или наложени, вклучувајќи, но не и ограничени на, оние кој се предмет на прекршоци, тргување или прилагодени за одредена намена.

Во никој случај ADRA EcoHeat нема да биде одговорен за било кои посредни, случајни, специјални, последователни или казнени штети кои произлегуваат од, или се поврзани со оваа веб страна. Одговорноста на ADRA EcoHeat во врска со производ купени од “www.adraecoheat.com” неможе да ги надмине сумите платени за тие производи, и вкупната одговорност која произлегува или е поврзана со оваа спогодба неможе да ја надмине сумата платена од крајниот корисник за време на шест месеци пред донесување на какво било побарување.

Под никакви околности ADRA EcoHeat нема да биде одговорен за било каква загуба или оштетување на крајниот корисник предизвикано од негово потпирање врз информациите добиени преку ADRA EcoHeat. Одговорност на крајниот корисник е да ја оцени точноста, комплетноста или корисноста на било која информација, коментар, мислење, совет, или друга содржина достапна преку ADRA EcoHeat.

ADRA EcoHeat содржи линкови до веб-сајтови на трети лица кои се одржуваат од други добавувачи на содржина. ADRA EcoHeat изречно ја отфрла одговорноста во поглед на содржината и точноста на материјалите на таквите веб страни на трети лица. Ако крајниот корисник одлучи да пристапи до некој веб сајт преку линк, тоа го прави на свој ризик. Освен ако ADRA EcoHeat експлицитно Ви дозволил да го сторите тоа, не смеете да ставате надворешни линкови до други страни на ADRA EcoHeat. ADRA EcoHeat го задржува правото да ја отповика својата согласност за било кој линк во секое време, без да ве извести.

ADRA EcoHeat има право, но не и обврска да ја следи содржината на сајтот во било кое време. ADRA EcoHeat има право, но не и обврска да го отстрани било кој материјал за кој ADRA EcoHeat смета дека ги нарушува одредбите изнесени тука.

 

  1. Надоместок на штети

Крајниот корисник се согласува дека ќе ја обештети и нема да ја смета за одговорна компанијата АДРА ТРЕЈД КОМПАНИ ДООЕЛ, нејзините филијали, нивните одговорни лица, вработени и агенти за сите побарувања на штета и трошоци, вклучувајќи трошоци за правно застапување, кои можат да произлезат од користењето на оваа веб страна од страна на крајниот корисник.

 

  1. Трговска марка

ADRA EcoHeat е заштитена трговска марка на АДРА ТРЕЈД КОМПАНИ ДООЕЛ. Сите права во однос на оваа марка се задржани. Доколку не е поинаку назначено, сите други трговски марки кои се појавуваат на ADRA EcoHeat се сопственост на нивните соодветни сопственици.

 

  1. Опрема

ADRA EcoHeat не е одговорен за било каква штета на опремата на крајниот корисник како резултат од користењето на овој сајт.

 

  1. Разно

Секој корисник на оваа страна и онлајн купување, се смета дека ги прифаќа овие услови, а со што истиот има правна сила на двострано склучен договор.

 

Овој договор, и било кои оперативни правила за ADRA EcoHeat поставени од ADRA EcoHeat, го сочинуваат целосниот договор на страните. Насловите на заглавјата од овој договор се користат само за полесна ориентација, и во никој случај не влијаат на толкувањето на текстот што е во нив. Ако надлежниот суд ја смета за неважечка било која ставка од овој договор, тоа нема да влијае врз валидноста на било која друга одредба од овие Услови и останатите делови од овие Услови, ќе останат во сила. Доколку било која страна не ги искористи своите права од овој договор, тоа нема да се смета за откажување или губење на тие права, како и на било кои други права наведени овде.

Седиштето на ADRA EcoHeat е во Скопје, Македонија. Правните спорови кои можат да произлезат како резултат на користење на овој веб-сајт (освен ако со посебен договор е експлицитно наведено поинаку) се под јурисдикција на судот во Скопје, и се решаваат во согласнот со прописите на Република Македонија. Со користењето на оваа веб-страница крајниот корисник се согласува дека секој спор или побарувачката, што произлегува од, или е во врска со овие Услови или во врска со нивната имплементација, е во надлежност на судот во Скопје.

 

  1. Политика на приватност и заштита на лични податоци

9.1 Општо

Оваа Политика на приватност појаснува како ние, Друштво за трговија и услуги АДРА ТРЕЈД КОМПАНИ ДООЕЛ, во својство на Контролор на лични податоци (во понатамошниот текст: ADRA EcoHeat) ги обработуваме личните податоци кои доброволно се дадени од страна на корисниците на веб страната www.adraecoheat.com. Оваа Политика на приватност се однесува само за www.adraecoheat.com и поддомените, а доколку е присутен линк кој поврзува со други веб страни, ние не преземаме никаква одговорност во однос на заштитата на личните податоци која ја обезбедуваат тие веб страни. Со користење на ова веб-страна, корисникот се согласува со условите на оваа Политика на приватност.

Доколку не се согласувате со оваа Политика, ве молиме да го прекинете пристапот до веб страната.

 

9.2 Значење на изразите

Личен податок е секоја информација која се однесува на идентификувано физичко лице или физичко лице кое може да се идентификува (субјект на лични податоци), а физичко лице кое може да се идентификува е лице чиј идентитет може да се утврди директно или индиректно, посебно врз основа на идентификатор како што се име и презиме, матичен број на граѓанинот, податоци за локација, идентификатор преку интернет, или врз основа на едно или повеќе обележја специфични за неговиот физички, физиолошки, генетрски, ментален, еконосмки, културен или социјален идентитет на тоа физичко лице.

Субјект за лични податоци е секое физичко лице на кое се однесуваат обработените податоци. Посетителите на веб сајтот www.adraecoheat.com се субјекти на лични податоци

Согласност на субјектот на лични податоци е секоја слободно дадена, конкретна, информирана и недвосмислена изјавена волја на субјектот на личните податоци, преку изјава или јасно потврдено дејствие, а со кои се изразува согласност за обработка на неговите лични податоци;

Обработка на лични податоци  е секоја операција или збир на операции што се изведуваат врз личните податоци на автоматски или друг начин како што е: собирање, евидентирање, организирање, чување, приспособување или промена, повлекување, консултирање, употреба, откривање преку пренесување, објавување или на друг начин правење достапни, изедначување, комбинирање, блокирање или уништување;

Контролор на лични податоци е физичко или правно лице, орган на државната власт, државен орган или правно лице основано од државата за вршење на јавни овластувања, кое самостојно или заедно со други ги утврдува целите и начинот на обработка на личните податоци. АДРА ТРЕЈД КОМПАНИ ДООЕЛ Скопје е контролор на лични податоци.

Обработувач на лични податоци е физичко или правно лице, орган на државната власт, државен орган или правно лице основано од државата за вршење на јавни овластувања, агенција или друго тело кое ги обработува личните податоци во име на контролорот.

 

9.3 Назив и седиште на Контролорот

АДРА ТРЕЈД КОМПАНИ ДООЕЛ

Адреса на седиште: Ул. Пат за Батинци бр. 72, Драчево, Кисела Вода, 1010 Скопје – С. Македонија

Телефон за контакт:+389 75 313 530

Е-маил адреса: info@adraecoheat.com

Офицер за заштита на лични податоци

Исмаил Мустафовски

e-mail: support@adraecoheat.com

Телефон за контакт: +389 75285753

 

Секој корисник на веб страната  може директно да исконтактира со офицерот за заштита на личните права за какви било прашања при остварување на сите права кои се однесуваат на заштитата на лични податоци.

 

9.4 Цели на обработка на лични податоци

Преку формата за онлајн купување на производи без регистрација ги обработуваме вашите лични податоци за цели на онлајн купување.

Преку формата ,,Кариера” ги обработуваме вашите лични податоци за целите на идни вработувања.

Преку формата ,,Замена на производи” ги обработуваме вашите лични податоци за исполнување на законската обврска за замена на купен производ.

 

9.5 Категории на лични податоци, цели и правен основ на обработката на лични податоци

Нашата веб страна ги собира личните податоци врз основа на Ваша согласност, поради исполнување на договор каде субјектот на лични податоци
е договорна страна, или за да се преземат активности на барање на субјектот на лични податоци пред неговото пристапување кон договорот, и  исполнување на законска обврска на контролорот.

ADRA EcoHeat користи хостинг во земја од Европска Унија (поточно Франција) и согласно чл.48 став 3 од Законот за заштита на лични податоци  ја известува Агенцијата за Заштита на Лични Податоци на РСМ.

PlanetHoster

Адреса: 114 RUE AMBROISE CROIZAT 93200 SAINT-DENISFRANCE

Телефон за контакт: +33 1 76 60 41 43

Се собираат само личните податоци на клиентите и кандидатите за работа.

Личните податоци ќе ги чуваме за периодот непоходен за исполнување на целите за кои се собрани, а потоа ќе бидат избришани. Овој период на чување на личните податоци е различен во зависност од целта заради која се собрани податоците. Вие имате право, во секое време да побарате од нас да ги избришеме податоците.

 

9.5.1 Онлајн купување на производи без регистрација

Ако одлучите да направите онлајн нарачка, без да се најавите или регистрирате на веб страната, потребно е да ги внесете следните податоци:

  • Име и презиме
  • Податоци за достава на нарачка (адреса, е-маил, телефонски број, поштенски код)

 

Овие податоци ги собираме за да ги исполниме нашите договорни обврски кон Вас како купувач на нашите производи, односно истите се потребни за реализација на направената онлајн нарачка,  достава на пратката како и за водење на сметководствената евиденција.

Личните податоци собрани за реализација и достава на направена онлајн нарачка, доколку не постои друга правна основа за понатамошна обработка на лични податоци, се чуваат во период од 1 година откако е направена нарачката.

Кога правите онлајн нарачка на производи со опција за плаќање со картичка, ги оставате податоците од платежната картичка. ADRA EcoHeat не собира никакви информации од финансиска природа како број на картичка и/или број на банкарска сметка. Податоците поврзани со успешна реализација на плаќањето ќе бидат чувани и користени исклучиво од страна на Халкбанк АД Скопје. Трансакцијата при наплаќање на производот е пренасочена и се процесира преку порталот за наплата од кредитни картички на НЛБ Тутунска Банка. Порталот користи современа заштитa на податоците и сите процеси се одвивааат преку сигурна конекција со Банката.

 

9.5.2. Контакт со нас

За да може да исконтактирате со нас, потребно е да ги внесете следните податоци:

  • име и презиме
  • податоци за контакт (телефон, е-маил)

Овие податоци се обработуваат врз основа на нашиот легитимен интерес за давање на услуги поврзани со продажбата на производите (одговарање на прашања, барања, решавање на проблеми поврзани со купени производи), кој не се коси со Вашите интереси за заштита на податоците.

Вашите лични податоци доставени преку формуларот за контакт ќе се чуваат само привремено, се додека се релевантни за нашиот однос или најдолго 1 година од денот на пополнување на формуларот.

 

9.5.3 Вработување

Доколку сакате да станете дел од тимот на ADRA EcoHeat, за да можеме да Ве исконтактираме, потребно е да ги внесете следните лични податоци:

  • име и презиме
  • податоци за контакт (телефон, е-маил)
  • CV

 

Доколку сте дале согласност Вашите податоци да се обработуваат во процесот на селекција на апликанти за вработување, истите ќе ги чуваме во рок од 1 година од Вашето аплицирање односно до завршување на целта за која се доставени, по што ќе бидат избришани.

Доколку ADRA EcoHeat склучи договор за вработување со Вас како апликант за вработување, доставените лични податоци ќе ги чуваме и обработуваме за цели на вработувањето (работниот однос) согласно законските обврски.

Внесените лични податоци при пополнување на формуларот за соработка со ADRA EcoHeat се обработуваат врз основа на дадена согласност и се чуваат до воспоставување на соработката или најдолго 3 месеци од денот на пополнување на формуларот.

 

9.5.4 Замена/враќање/докупување/самопревземање на роба

Потребно е да ги внесете следните податоци:

  • Трансакциска сметка

Овие податоци се обработуваат заради испонување на законска обврска да одговориме на Вашите барања за замена или враќање на купени производи и се чуваат во рок од 1 година од поднесено барање за замена или враќање на производ.

 

9.5.5 Рекламации

Доколку кај купен производ се појават одредени недостатоци, потребно е истите да ги пријавите, при што во овој случај ќе бидат обработени следните податоци:

  • Име и презиме
  • Податоци за контакт (телефонски број и е-маил)

Овие податоци се обработуваат заради исполнување на законска обврска за отстранување на евентуални недостатоци на купени производи и се чуваат во рок од 2 години од поднесената пријава за евентуален недостаток на производ.

 

9.6 Политика на колачиња – Cookies

Колачиња или “Cookies” се мали текстуални фајлови лоцирани на Вашиот уред за да собираат информации како што се тип на пребарувач и оперативен систем, следење на број на посетители на веб-страната и употреба на веб-страната од страна на  корисниците.Овие податоци се користат за анализа и подобрување на техничката функционалност на нашата веб-страна заради обезбедување на персонализирана содржина на веб-страната, односно подобро да се одговори на индивидуалните потреби на корисниците. Колачињата се користат за нормално функционирање на одредени карактеристики на веб-страната што им го олеснува пристапот на корисниците до содржината.

 

9.7 Google Analytics

Оваа веб страна користи Google Analytics, услуга за веб-анализа на Google Inc. (во понатамошниот текст: ,,Google”). Google Analytics користи колачиња, односно текстуални датотеки што се зачувани на вашиот компјутер и кои ја олеснуваат анализата на употреба нa веб-страната. Информациите за вашата употреба на оваа веб-страна се испраќаат до сервер на Google во САД и се чуваат таму. Со поставување колаче Google може да ја анализира употребата на нашата веб страна.

Оваа веб-страна ги користи функциите на ремаркетинг на Google Analytics во комбинација со функциите на Google AdWords и Google DoubleClick, кои работат на сите уреди.

 

9.8 Видео надзор

На влезот на секој продажен објект има видливо и јасно истакнато известување за видеонадзорот со кое се овозможува на посетителите да се запознаат со вршењето на видео надзорот, називот на Контролот и за начинот на кој може да добијат информации во врска со чувањето на снимките како и за правата на посетителите при вршење на видое наздор.

ADRA EcoHeat собира лични податоци преку системот за видео надзор при посета на продажните објекти од следните причини:

– да се контролира пристапот до продажниот објект и да се обезбеди сигурност на објектот, безбедноста на вработените во објектот и постителите, како и имотот кој се наоѓа во деловните простории;

– за да се спречи, одврати и, доколку е потребно, да се испита неовластен пристап, вклучително и неовластен пристап до безбедносни и заштитени простории, ИТ инфраструктура или оперативни информации; и

– да се спречи, открие и да се испита кражба на средствата или опремата во сопственост на Контролорот, посетителите или вработените, или закани по безбедноста на персоналот кој работи во продажните објекти (на пример пожар, физички напад).

 

Обработката на личните податоци преку системот за видео надзор се врши поради следните цели:

  • заштита на животот или здравјето на луѓето и
  • заштита на сопственоста.

Системот за видео надзор не се користи за ниту една друга цел. Видео камерите се поставени така што не го покриваат околниот јавен простор. ADRA EcoHeat собира само слики фатени на камерите, при што не се врши тонско снимање.

Камерите за видео надзор инсталирани во продажните објекти се поставени и фокусирани така што се снимаат само лица кои ќе пристапат во продажните објекти.

Личните податоци на посетителите се чуваат 30 календарски денови од посетата во нашите продажни обејкти, по што сите снимени видеозаписи автоматски се бришат.

 

9.9 Обврска за тајност и заштита на личните податоци

ADRA EcoHeat ги користи податоците исклучиво за целите за кои се првично собрани, не ги открива личните податоци на трети лица, совен во случаите кога третите лица се јавуваат во својство на обработувачи на лични податоци (маркетинг агенции, даватели на аналитички и статистички услуги,  консултанти или соработници за исполнување на конкретни работи во име и за сметка на ADRA EcoHeat) на кои им е потребно да ги знаат таквите податоци само во разумни рамки на доверените овластувања и законски ограничувања и истите не смеат да ги обработуваат за никакви други цели, ниту да ги доставуваат на трети лица.

Со исклучок, лични податоци може да бидат откриени единствено по барање на државни органи до степенот што се бара со закон или регулатива, под услов пред да се направи такво откривање потребно со закон, ADRA EcoHeat ќе му даде на субјектот на лични податоци предходни информации за барањето и содржината на таквото откривање, како што е практично, под околностите.

 

9.10 Безбедност на обработка на личните податоци

Вашите лични податоци се обработуваат само на начин кој обезбедува соодветно ниво на безбедност на личните податоци од случајно или незаконско уништување, губење, менување или неовластен пристап. ADRA EcoHeat презема соодветни технички и организациски мерки за да обезбеди тајност и заштита на обработката на личните податоци.

ADRA EcoHeat користи безбедносен сертификат SSL (Secure Sockets Layer). SSL сертификати се мали датотеки со податоци што криптографски воспоставуваат шифрирана конекција помеѓу сервер и пребарувач. Ваква конекција гарантира дека сите податоци пренесени помеѓу серверот и пребарувачот остануваат приватни.

Сепак, без оглед на нашите напори за обезбедување максимална заштита на вашите податоци, ниту една веб-страна, мобилна апликација, база на податоци или систем не е целосно заштитена од безбедносните недостатоци во пренесувањето на податоци преку интернет. Вие можете да помогнете во обезбедување на безбедноста на вашите лични податоци преземајќи разумни чекори за заштита на личните податоци од неовластено откривање или злоупотреба.

 

9.11 Вашите права како субјекти на лични податоци

Субјектот на лични податоци има право:

  • да побара пристап, исправка или бришење на личните податоци или ограничување на обработката на лични податоци,
  • на приговор за обработката како и право на преносливост на податоците.
  • да побара повлекување на согласноста за давање на податоците.

За остварување на сите Ваши права кои се однесуваат на заштитата на лични податоци може да се обратите до офицерот за заштита на лични податоци на АДРА ТРЕЈД КОМПАНИ ДООЕЛ

Адреса на седиште: Ул. Пат за Батинци бр. 72, Драчево, Кисела Вода, 1010 Скопје – С. Македонија

Телефон за контакт:+389 75 313 530

Е-маил адреса: info@adraecoheat.com

Офицер за заштита на лични податоци

Исмаил Мустафовски

e-mail: support@adraecoheat.com

Телефон за контакт: +389 75285753

 

9.12 Заштита на приватноста на малолетните лица

ADRA EcoHeat не собира намерно никакви лични податоци од лица под 18 годишна возраст. Ако сте родител или законски старател кој открил дека Вашето малолетно дете обезбедило лични податоци преку нашата веб страна без Ваша согласност, можете да побарате од нас да ги отстраниме таквите неовластени информации со испраќање нa меил на следната меил адреса: support@adraecoheat.com

 

9.13 Промена на политиката на приватност

ADRA EcoHeat има право да врши промени на оваа Политика. Доколку се извршат одредени промени во Политиката на приватност, истите ќе бидат објавени на оваа веб страна. Корисникот се согласува дека е негова одговорност периодично да ја проверува Политиката на приватност и дека е свесен за промените.

 

Барање за остварување на правата на субјектот на лични податоци

Барање за повлекување на согласност за обработка на лични податоци

Приговор на обработката на лични податоци

Барање за Агенцијата за заштита на личните податоци